Наумовски ќе биде повикан на консултации во Скопје

by fokus

Државниот секретар на МНР, Виктор Димовски денеска одговорајќи на новинарски рече дека македонскиот амбасадор во САД ќе биде повикан на разговор во Скопје.

-Во постапка и во договор со министерот Никола Димитров амбасадорот Наумовски ќе биде повикан на консултации во земјата, при што во соодветна постапка ќе бидат утвреди сите факти од овој случај, рече Димовски.

Тој додаде дека должност на нашите дипломатски претставници во странство е да бидат во постојан контакт и да се стават на услуга на високите претставници кога гостуваат во тие земји.

Поврзани новости