598
Пратеничката на ВМРО-ДПМНЕ, Рашела Мизрахи минатата година беше дел од коњаницата која пристигна во Крушево за празникот Илинден.
Таа попладнево во гостувањето во Само вистина, говореше за тој настан и целото искуство што го имала за ланскиот празник.
„Годинава ќе бидам дел од тие што ќе ја поздрават коњаницата. Драго ми беше што лани бев дел од тој момент и го поздравувам овој настан. Чувството беше прекрасно и во иднина повторно би била дел од такво нешто“, истакна Мизрахи.