Заев и посака среќа на Албанија ако остане бугарското вето за ЕУ

by Fokus

Премиерот Зоран Заев кажа дека секоја земја треба да биде оценувана според своите резултати и за него нема проблем ако Албанија биде одвоена од Македонија и пред нас ги почне пристапните преговори со ЕУ поради бугарското вето, во интервју за „Дојче Веле“.

„Само иднина во ЕУ ни дава надеж дека ќе продолжи европеизацијата на земјата. Повеќе владеење на правото, подобар здравствен систем, европски образовен систем, добра економија. Секоја земја заслужува да биде оценувана според своите резултати. Му посакувам успех и среќа на нашиот западен сосед, Албанија да продолжи на тој пат доколку продолжи оваа блокада од Бугарија“, истакна Заев.

Поврзани новости