Ѓоковиќ откри зошто плачел среде финале

by Fokus

Вчерашните сцени на кои Новак Ѓоковиќ не може да ги сопре солзите во финишот на третиот сет на финалето на УС Опен, ги преплавија светските медиуми.

За емоциите кои го преплавиле, тенисерот појаснува дека не биле од жал поради тоа што не успеал да ја освои титулата и изгуби од Медведев, туку поради тоа што го изненадила поддршката која ја добил од публиката.

-Почувствував нешто кое никогаш порано не сум го почувствувал овде, во Њујорк. Публиката направи да се чувствувам посебно! Не знам, ништо не очекував, но огромната поддршка и енергија, љубовта која ја добив од публиката, е нешто кое секогаш ќе го памтам.

Тоа е и причината поради која пред самиот крај заплакав. Емоциите, енергијата беше пресилна. Како освојување на Грен Слем! Искрено, така се чувствував. Многу, многу посебно. Ме допре во срце. На крај, сепак не победив, спортист сум. Ова се моменти кои ги памтите. Тоа се врски кои ги воспоставувате со луѓето и кои долго ќе траат. Беше прекрасно – порача за светските медиуми тенисерот.

 

В.К.

Поврзани новости