Дали хидроксихлорокинот ја зголеми стапката на смртност кај заболените со коронавирус?

by Fokus

Во мета-анализата на податоците од неколку студии од почетокот на пандемијата на коронавирусот во 2020 година, научниците наведуваат можна поврзаност на зголемената смртност на пациентите со коронавирус лекувани со хидроксихлорокин и предупредуваат за прекумерна пренамена на лекови.

„Главната цел на нашата студија беше да се процени смртноста што се припишува на употребата на хидроксихлорокин за третман на Ковид-19, во првиот бран на пандемијата, пред објавувањето на веродостојни студии“, пишуваат авторите на студијата, насловена „Проценка на (бројот на) смртни случаи предизвикани од употребата на хидроксихлорокин за време на првиот бран „Ковида-19“, објавена во стручното списание „Биомедицина и фармакотерапија“.

Француско-канадските истражувачи велат дека хидроксихлорокинот може да се поврзе со скоро 17.000 смртни случаи – или 11% повисока стапка на смртност кај хоспитализираните пациенти.

Предупредувајќи за управување со идни пандемии, авторите на студијата истакнуваат: „Иако нашите проценки се ограничени со непрецизност, овие наоди ја илустрираат опасноста од пренамена на лековите кога има премалку докази“.

Поврзани новости