Дали е во тек погребот на Пригожин – толпа народ пред гробиштата во родниот град на Путин, силни полициски кордони на улиците!

by Fokus

Неколку часа откако од Кремљ беше објавено дека рускиот претседател Владимир Путин нема да присуствува на погребот на шефот на Вагнерската група Евгениј Пригожин, руските медиуми почнаа да пишуваат за тоа како е видена поголема група луѓе на гробиштата Серафимовско, во Санкт Петербург.

Се шпекулира дека и самиот Пригожин ќе биде погребан денеска, но тоа не е потврдено.

Според „Фонтанка“, на гробиштата има три погребални и два цивилни автомобили. Забележан е и автомобилот што често го возел Пригожин.

Засега единствено потврдено е дека таму е погребан еден од патниците на авионот кој се урна под мистериозни околности на 23 август, Валери Чекалов.

Нема информации чии тела се наоѓаат во другите два ковчези.

Поврзани новости