Чулев: Спасовски одговорноста нека ја побара во Бирото за јавна безбедност, не кај мене

by fokus

Техничкиот министер за внатрешни работи, Наќе Чулев му одговори на Оливер Спасовски кој денеска побара тој да си поднесе оставка поради немањето реакција на полицијата за настанот во Струга.

-Па за да бидат работите целосно јасни, најпрво ќе го упатам таа професионална одговорност да ја побара од луѓето во Бирото за јавна безбедност кои се поставени токму од него, а кои во хиерархиската поставеноста на Министерството за внатрешни работи ја имаат директната одговорност на конкретниот настан на кој тој посочува пропусти од страна на полицијата. Дополнително, кога зборува за политичка одговорност ќе го потсетам само на десетиците спорни и незаконски тендери кои се направени од негова страна во Министерството за внатрешни работи, а за кои веќе постапува Основното јавно обвинителство, хаосот со личните документи, незаконските решенија кои ги делеше пред да замине по полиитичка линија и без да се почитува системот на кариера, незаконското поништување на решенија кога се фалсификуваа одлуки и документи од страна на Владата и за кои Државната комисија за спречување на корупција потврди дека се направени на незаконски начин и низа други активности кои се во спротивност со законот.
Граѓаните, но и самиот Оливер треба да бидат смирени. Јас сум човек професионалец и мене не ме интересира политика. Во фокусот на моето работење се граѓаните и мојата држава и ќе направам се што е во мои раце Министерството за внатрешни работи и во иднина да биде вистински сервис и заштита на секој еден чесен и искрен човек. За каков морал и за каква одговорност зборува Оливер Спасовски? Зарем погореспоменатите работи не се доволен аргумент против тоа?, вели Чулев.

Поврзани новости