Чулев со детали за полициската акција во Крушопек: Уапсени се четири лица

by fokus

Техничкиот министер за внатрешни работи, Наќе Чулев на денешната прес-конференција откри детали за синоќешната полициска акција во Крушопек.

„МВР во соработка со обвинителството за гонење на организиран криминал и коурпција презеде широк спектар на активности за пресекување на меѓународен канал за трговија со кокаин кој потекнува од Колумбија. Во Македонија беше утврден како краен примач компанијата „Банекс компани“ ДООЕЛ, како купец овошје, во случајов банани. Околу 9 часот, на граничниот премин Ќафасан-Струга, евидентирано е возило управувано од триесет и едногодишниот Ј.К. од Црна Гора, кој се упатил кон скопското село Крушопек. По претходно обезбедена наредба, извршен е претрес. На лице место е најден Ј.Е. 22 години, син на сопственикот на фирмата, како и  Р.И. 51 годишен од Скопје, вработен кој вршел истовар. Иако неповикан, дошол и С.Е од Скопје, сопственик на фирмата. При претресот е најдено едно пакување, а биле одземени и мобилни телефони, парични средства, како и 1.980 пакети банани, возилото „Ивеко“. Вчера биле лишени од слобода и Ј.К., С.Е., Ј.Е. и Р.И. Истите ќе бидат предадени за постапка пред надлежен јавен обвинител“, истакна Чулев.

Поврзани новости