Чулев: Поднесовме кривични пријави против 21 лице за настанот во Сингелиќ

by Фокус

Министерот за внатрешни работи Наќе Чулев посочи дека поднесени се кривични пријави против 21 лице за прекршување на полицискиот час во Сингелиќ, каде пред неколку дена граѓани излегоа на протест за време на полициски час поради приведување на неколку нивни соседи.

-Ние досега имаме идентификувано и повикано на разговор уште 21 лице, а во процес на идентификација сме и на други лица кои учествуваа во настанот за што ќе бидат поднесени соодветни поднесоци до ОЈО – најави Чулев во Клик Плус на ТВ 21.

Тој додаде дека 16 припадници на МВР се позитивни на коронавирус, а едно лице починало.

Поврзани новости