Чулев: Нулта толеранција за изборни нерегулaрности, притисоци и поткуп врз гласачи

by Frosina Fakova

Министерот за внатрешни работи, Наќе Чулев денеска имаше работна посета на полициското одделение Јегуновце кое е во состав на ПС Тетово, при тетовскиот Сектор за внатрешни работи, соопшти МВР.

Во соопштението се информира дека при работната посета министерот Чулев остварил средба со раководството на полициското одделение.

Тој уште еднаш ги повикал полициските службеници да постапуваат во согласност со законите и да го дадат својот придонес во организирањето на фер и демократски избори. Според него, стратешката определба на Министерството за внатрешни работи е да обезбеди највисоко ниво на безбедност на овие избори.

– Јас како министер ги преземам сите неопходни активности со кои ќе се овозозможи ова. Нулта толеранција на изборните нерегуларности и на сите видови притисоци и поткуп врз гласачите е дел од таа стратешка определба на која треба сите заеднички да работиме. Граѓаните треба да бидат сигурни дека овие избори ќе бидат фер и демократски и тоа треба да биде причина тие масовно да излезат и да го исполнат своето гласачко право, рекол Чулев.

Поврзани новости