Техничкиот министер за внатрешни работи Наќе Чулев во вечерашното гостување на телевизија Телма рече дека забраната за движење која трае веќе 30 дена придонела граѓаните да станат поагресивни и затоа смета дека ограничувањето на движење треба да се релаксира.
-Очекувам дека утре Владата ќе донесе мерка за олабавување на полицискиот час. Додека не се донесе одлука на Влада се е во насока на различни дискусии во рамките на Влада. Досега Владата се носеше според препораките на Комисијата за заштита од заразни болести. Веќе поминаа 30 дена од мерката забрана за движење. Како МВР, бидејќи секојдневно сме на терен, можевме да утврдиме дека има зголемено негативно влијае кај граѓаните: зголемена агресија, тензија… А исто така, сега свеста на граѓаните е зголемена. Затоа јас сметам дека забрната за движење треба да се релаксира. Секој ден полицискиот час да почнува од 19 часот и тоа да важи и за викендите, смета Чулев.