Чулев: МВР постапи по јавниот повик на ЈО, сега ќе чекаме насоки од Обвинителството

by Frosina Fakova

Министерството за внатрешни работи постапи по јавниот повик на Јавното обвинителство кое ги повика МВР и Управата за финансиска полиција да постапат врз основа на објавените видео снимки на кои што се гледа поранешниот директор на Фонд за здравствено осигурување, Ден Дончев како зема пари, изјави министерот за внатрешни работи во техничката влада, Наќе Чулев.

-МВР постапи согласно стандардното полициско постапување, односно одделот за сузбивање за сериозен организиран криминал и го повика со цел добивање на дополнителни информации и податоци за објавениот видео материјал. Разговорот траеше отприлика околу 40 минути беше реализиран од инспектори од одделот за организиран криминал во полициска станица во населбата Карпош во Скопје и лицето Ден Дончев дојде во придружба на негов адвокат. По извршениот разговор лицето си замина од полициската станица во Карпош, а инспекторите од Одделот за организиран криминал во текот на денешниот ден ќе изготват службен материјал и истиот ќе го достават до ОЈО за гонење на организиран криминал и корупција и потоа чекаме насоки за дејствување од ОЈО бидејќи тоа е надлежна институција за водење кривични истраги, изјави министерот.

Во однос на тоа дали е побарана мерка за обезбедување поради опасност од бегство, министерот рече дека е побарано претходно.

-Тоа е побарано уште претходно и ОЈО мислам дека треба да постапи по тоа, можеби веќе е постапено, немаме таква информација. Знаете дека во јавноста, ОЈО јавно го повика МВР и Управата за финансиска полиција да постапат. Ние со оглед дека беше јавен повик со писмена покана од страна на МВР е извршен разговорот, изјави министерот.

Поврзани новости