Членови на ВМРО-ДПМНЕ почнаа да се собираат пред ДИК

by fokus

Членови на ВМРО-ДПМНЕ почнаа да се собираат на протест пред Државната изборна комисија, во пресрет на конечните изборни резултати.

Пред зградата на ДИК се наоѓаат повеќе поддржувачи на партијата ВМРО-ДПМНЕ, а се зголемува и полициското присуство.Додека внатре трае седницата, тие извикуваат „Уа” и „Никој ништо не ти може Никола.”

ВМРО-ДПМНЕ стравува од промена на изборните резултатит, бидејќи доколку ДИК ги прифати приговорите на СДСМ можна е прераспределба на мандатите.

Поврзани новости