Груевски: Заев ниту сум го видел, ниту чул, иако очекував да ми честита победа

by fokus

Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Никола Груевски демантира дека е во комуникација со претседателот на СДСМ Зоран Заев, кој денеска изјави дека двајцата се во контакт и “одлучуваат за иднината на Македонија”.

-Со Заев по изборите се немаме ниту видено ниту чуено, иако очекував да ми ја честита победата. Но се покажа дека нема сили за тоа. Во минатото, нормално, повремено кога имало потреба сме се гледале или слушале телефонски, вклучително и во саботата пред изборите кога Оливер Спасовски најпрвин го побара Никола Тодоров, по што и ние се слушнавме со цел да размениме информации во правец на избегнување проблеми во изборниот ден.

Очигледно, Заев прави максимални напори да ја продолжи политичката криза во Македонија. Согласно изборот на граѓаните на Република Македонија и меѓународната потврда за тоа дека изборите поминаа во најдобар ред и беа фер и демократски, јас во овој период сум фокусиран кон формирање на новата влада со цел реализација на ветената програма за подобрување на животот на граѓаните на Република Македонија, напиша Груевски на Фејсбук.

Поврзани новости