ВМРО-ДПМНЕ не дозволува вештачење на потписот на Сулејмани

by fokus

За ВМРО-ДПМНЕ, скандалозна е одлуката на Државната изборна комисија, графолог да го вештачи потписот на Фатиме Сулејмани, која тврди дека во нејзино име гласал некој друг.

Никола Тодоров вечерва од пред партиското вештање побара ДИК под итно да ја повлече оваа одлука.

-Државната изборна комисија донесе скандалозна одлука за графолошко вештачење, тоа е незапаметена одлука досега. Апелирам до членовите да ја корегираат оваа одлука и да не дозволат ДИК да работи спротивно на законските прописи, рече Тодоров.

Претходно, Силвана Бонева, член на ДИК од ВМРО-ДПМНЕ, бараше Сулејмани да биде ставена на детектор за лаги, но предлогот беше одбиен.

Инаку, во моментов стотина членови на ВМРО-ДПМНЕ протестираат пред седиштето на ДИК. Тие стравуваат од промена на изборните резултати, бидејќи доколку ДИК ги прифати приговорите на СДСМ можна е прераспределба на мандатите.

Поврзани новости