Четворица рудари загинаа во несреќа во Русија

by fokus

Најмалку четворица рудари загинаа откако се урна транспортна лента во рудник во Воркута, соопшти извор од службата за итни случаи.

– Надземната рудничка галерија  со транспортна лента за јаглен се урна во рудникот Воргашорскаја. Загинаа четворица рудари, изјави неименуван извор за ТАС С.

На самото место има четири екипи за спасување, а засега нема извештаи дека некој друг е повреден во несреќата.

Поврзани новости