Четворица повредени во судар меѓу автобус и трамвај во Белград

by Fokus

Четворица се повредени во сударот меѓу трамвајот број седум и автобус кој сообраќа на линијата 85 на раскрсницата на улиците Немањина и Кнез Милош, што се случи нешто пред осум часот.

Се уште нема информации за степенот на повредите, а повредени се жената која управувала со трамвајот и тројца патници. Во автобусот во моментот на судирот немало патници.

На местото на настанот пристигнале две екипи на Брза помош кои ги пренеле повредените во Ургентниот центар.

Сообраќајот е во прекин на улицата Кнез Милоша од раскрсницата со Немањина до Газела, а не се одвива и трамвајскиот сообраќај од плоштадот Савски до плоштадот Славија бидејќи трамвајот излета од шините.

Причината за несреќата ќе ја утврди истрагата, пренесе РТС.

Поврзани новости