268
Уште еден случај за затруено дете во Куманово, евидентира СВР Куманово. Станува збор за четиригодишно дете, кое испило повеќе таблети.
Од кумановската општа болница укажуваат дека по пружената помош детето е стабилизирано и е транспортирано во Клиника во Скопје.
– Ноќеска во 04:05 часот во СВР Куманово е пријавено дека во Ургентен центар Куманово за укажување на лекарска помош е донесено четиригодишно дете од Куманово, кое во домот испило повеќе таблети. Се преземаат мерки за расчистување на случајот, соопшти СВР Куманово.