Четири лица загинаа, тројца се повредени во снежна лавина во Франција

by Fokus

Четири лица загинаа, а тројца се повредени во лавина во планинскиот регион Оверњ во централна Франција, објави денеска Гардијан.

Лавината се случила во неделата на надморска височина од 1.600 метри над селото Мон Дор, а меѓу загинатите има и членови на локалниот скијачки клуб, кои излегле надвор од патеката.

Тројца повредени скијачи биле пронајдени по голема потрага по која биле мобилизирани 50 лица.

Планините Оверњ не се толку високи како Алпите или Пиринеите, но во зима тие се покриени со густ снег и често се појавуваат лавини.

Поврзани новости