Четири лица се во бегство, едно приведено за симнувањето на знамето во Куманово

by Fokus

Четири лица се во бегство, едно приведено , за кое обвинителството бара мерка за претпазливост, а еден малолетник пуштен, ова е епилогот по вчерашниот инцидент со државното знаме во Куманово, информираат од обвинителството, пренесува 24ТВ.

Оттаму велат дека  на лицата што се во бегство, утврден им е индентитетот и се работи на нивно приведување. Околу  лицето што е приведено неговиот случај се работи и обвинителството ќе бара мерка за претпазливост.

Според Јавното обвинителство, малолетникот уште синоќа откако се утврдило дека е лице под 18 години бил пуштен поради законот за деца.

Поврзани новости