Четири години затвор ако медиум објави некој од прислушуваните разговори

by Фокус 18:03
18:03

Предлог-законот за мораторуим на бомбите, што денеска до Собранието го доставија ВМРО-ДПМНЕ и ДУИ предвидува драконски казни за секој медиум што ќе објави некој од прислушуваните разговори или пак транскрипт од истите. Ниту еден медиум, вклучително и портал нема да смее да ги објавува оваа материјали, а доколку некој го стори тоа, ќе се соочи со затворска казна од четири години.

Ако предлог-законот се усвои, тогаш сите медиуми од своите веб-страни ќе треба да ги избришат сите текстови поврзани со материјалите од прислушуваните разговори што ги објави СДСМ и никогаш повеќе да не ги реобјавуваат или користат на било кој начин. Во спротивно, кривично ќе одговараат.

- Advertisements -

Објавувањето на прислушуваните разговори освен што ќе биде забрането во Македонија, ќе биде забрането и во странство. Во член 4 од предлог-законот стои и дека доколку поради објавување на вакви разговори се случи некој да почине, казната ќе се зголеми на минумум 10 години затвор

Поврзани новости