Чавушоглу: Турција очекува конкретни чекори од Македонија против ФЕТО

by Фокус

Турскиот министер за надворешни работи, Мевлуд Чавушоглу, во пресрет на средбата со македонскиот колега Никола Димитров, рече дека очекува од македонската влада конкретни чекори од ФЕТО на Фетула Ѓулен, кого турските власти го обвинуваат за неуспешниот обид за пуч против Ердоган.

„Од секогаш сме покрај Македонија и ќе продолжиме со тоа. Очекуваме конкретни чекори од нашите пријатели против терористичката организација ФЕТО. Тоа е клучно за нас, но и за нивната иднина“, напиша Чавушоглу на Твитер.

Иако се најавуваше дека Турција може да ја условува ратификацијата на протоколот за членство во НАТО на Македонија со екстрадиција на припадниците на ФЕТО кои се наоѓаат во државава, сепак, тоа не се случи.

Поврзани новости