Чавушоглу денеска ќе се сретне со Иванов, Заев и Димитров

by Фокус

Министерот за надворешни работи на Република Турција, Мевљут Чавушоглу, денеска ќе престојува во работна посета на Македонија.

Чавушоглу ќе се сретне со шефот на македонската дипломатија Никола Димитров, со кого се очекува да бидат размени мислења за билатералните односи и за можностите за унапредување на соработката во повеќе области, со посебен акцент на натамошното продлабочување на економската соработка.

Министрите Чавушоглу и Димитров ќе присуствуваат и на Ифтар вечера која во чест на турскиот министер за надворешни работи ќе ја организира Амбасадата на Република Турција во Скопје.

Во рамки на посетата, предвидено е турскиот шеф на дипломатијата да биде примен од претседателот на Република Македонија Ѓорге Иванов и од премиерот Зоран Заев.

 

Поврзани новости