ФРОДЕМ побара оставка на Груевски

by Фокус

Новата власт без никакви задкулисни калкулации веднаш да пристапи кон враќање на поредокот и правдата и декриминализирање на Македонија, а членството на ВМРО-ДПМНЕ масовно да побара оставка на Никола Груевски, побраа од ФРОДЕМ по вчершниот говор на Груевски, во кој опозицискиот лидер најави брзо враќање на власт.

„Видовме, како купче персони, кои ја украдоа Македонија и го приватизираа ВМРО-ДПМНЕ, непречено продаваат магла, па дури и се закануваат. Пастирот дрско кобеше и го кудеше народот зошто повторно не му дал апсолутна власт со 63 пратеника. Оти, кутрите, поради „жолтите комбиња“ последните избори не можеле пак да ги наместат како и сите претходни.  Од друга страна, десетици илјадници луѓе по најразлични основи, од неразјаснети случаи, преку тешки монтирани прогонства, па се до брутални бизнис преземања, рекетирања, малтретирања и бркања од работа, секојдневно очекуваат да се почне со реална примена на Кривичниот закон“, соопшија од ФРОДЕМ.

Поврзани новости