Чаталот активиран пред Триумфална, полицијата се повлече

by fokus

Движејќи се кон Собрание, демонстрантите застанаа кај Триумфалната порта одново ја офарбаа во боите на Шарената Револуција.

Полицискиот кордон што беше застанат покрај споменикот, се повлече штом дојдоа демонстрантите.  Освен балоните со боја, активиран беше и човечкиот чатал.

Демонстрантите вечерва носат голем транспарент на кого стои „Хорхе ти си срам за Македонија”. Од тука толпата се упати кон Собрание, каде се одржува расправата по предлог одлуката за формирање комисија за импичмент на претседателот Ѓорѓе Иванов.

Поврзани новости