Демонстрантите маршираат против Иванов

by fokus

Со главна парола „Хорхе ти си срам за Македонија” демонстрантите кои и вечерва излегоа на протест го започнаја маршот за оставка на претседателот Ѓорге Иванов.

Голем број граѓани и вечерва како и осум недели уназад, протестот го започнаа пред канцелариите на Специјалното јавно обвинителство.

Од таму тие се упатија кон Собранието, каде се одржува расправата по предлог одлуката за формирање комисија за импичмент на претседателот Ѓорѓе Иванов.

Таму пак, власта и опозицијата „кршат копја” околу составот на Комисијата.  За опозицијата неприфатливо е ВМРО-ДПМНЕ да има мнозинство во Комисијата и ќе гласа против нејзино формирање.

Владеачката партија пак, вели дека мнозинство во Парламентот обезбедува мнозинство во Комисијата.

Поврзани новости