628
Ирина Бухова, новата директорка на Државниот санитарен и здравствен инспекторат истакна дека институцијата нема да потклекне на било какви јавувања, ургенции и притисоци, без разлика од кој доаѓаат.
– Нема да се амнестираат никакви и ничии пријатели па ни на власта, кога ја загрозуваат здравствената состојба на граѓаните. Сите се еднакви пред законот и за сите ќе има одговорност доколку го загрозат здравјето или животот на граѓаните – истакна доктор Бухова.
Фото: Макфакс