Вајгел, Кукан и Флекештајн: Забележавме нова динамика во земјата

by fokus

Европратениците, Кнушт Флекештајн, Едуард Кукан и Иво Вајгел испратија заедничка изјава до медиумите по нивната средба со претседателот на Собранието, лидерите на политички партии и претставници на политичките партии застапени во Собранието.

Разговарале за нивната поддршка за дијалог меѓу политичките партии во земјава, за потребата од реформи непоходни за членство на Македонија во ЕУ и за ефикасноста на Собранието. Станало збор и за предизвиците во парламентот во актуелната политичка клима и се согласиле дека политичкиот дијалог е суштински за имплементирање на реформските препораки и за подобрување на парламентарната култура.

„Во нашата работа со комесарот Хан, секогаш ја истакнувавме подготвеноста за соработка со Собранието во поддршка на земјата на патот кон ЕУ интеграциите. За време на средбите ние забележавме нова динамика во земјава. Пријатно сме изненадени од интересот што го покажа претседателот на Собранието, но и лидерите на политичките партии, да се вклучат во дијалог, суштински важен за земјата, граѓаните и реформските приоритети. Во пресрет на локалните избори, ги поддржуваме сите политички страни и институции да дејствуваат одговорно и да обезбедат услови за граѓаните да го остварат своето демократско право на слободен избор“, стои во изјавата.

Поврзани новости