Радован Караџиќ осуден на 40 години затвор, без Сребреница

by Фокус

Хашкиот трибунал го осуди лидерот на Србите во Босна за време на граѓанската војна во 90-тите, Радован Караџиќ, на 40 години затвор. Тој е прогласен за виновен за две точки за геноцид, пет точки за злосторства против човештвото и четири точки за прекршување на законите на војната во својство на претседател на Република Српска од 1992 година до 1996 година.

Во оваа пресуда не се влезени случувањата во Сребреница, а за нив ќе се одлучува дополнително. Според судијата О-Гвон Кон кој го водеше случајот, 44-месечната опсада на Сараево, исто така, се сведува на воено злосторство.

Судијата изјави дека Радован Караџиќ го наредил заземањето на босанскиот град пред трагичните настани од јули 1995 година, кога според босанските муслимани и западните влади, силите на босанските Срби убиле речиси 7.500 муслимански мажи и момчиња.

Поврзани новости