Ноќна престрелка во Арачиново

by fokus

Престрелка по претходна расправија поради долг се случила околу 2 часот во село Арачиново, по што се ранети и приведени повеќе лица.

Од МВР информираа дека денеска се приведени М.А (31), М.С.(35) од селото Страчинци и Н.Џ.(27) од селото Арачиново.

Полицијата постапила по пријава според која, по претходна расправија, М.А.(31) испукал од огнено оружје и го повредил Б.А.(36), поради долг што тој го имал кон него.

По престрелката, како што информираат од МВР, во комплексот клиники „Мајка Тереза“ со повреди од огнено оружје се пријавил М.А., додека во Градската општа болница „Св.Наум Охридски“ со повреди од огнено оружје бил донесен Б.А..

Во истата болница, со повреди од огнено оружје, бил донесен и Ф.Н., кој пред полициските службеници изјавил дека се повредил во сообраќајна незгода, по што заминал без да му биде утврден карактерот на повредите.

Поврзани новости