Бугарија ја укина таксата за руски гас

by fokus
Foto: EPA

Бугарскиот парламент усвои одлука за укинување на дополнителни такси за транспорт на руски гас низ Бугарија и прифати амандман со кои се забрзува укинување, со исклучок на руската нафта, пренесуваат бугарските медиуми.

Пратениците по жестока расправа одлучија да ја укинат комерцијалната такса од 20 лева по мегават час на увоз и транзит на руски природен гас, која беше првично воведена на 13 октомври и не донесе никаков приход.

Бугарската влада првично сакаше да наплати нови такси од Гаспром преку операторот Булгартрансгас и да ги внесе во државниот буџет. Таксата е отфрлена по заканите на Унгарија дека ќе стави вето за влезот на Бугарија во Шенген зоната.

Поврзани новости