Буџетот и јавниот долг можат да се видат на веб страницата на Министерството за финансии

by Fokus 19:32
19:32

На веб-страница на Министерството за финансии се направени промени на структурата, па сега на посетителите лесно достапни ќе им бидат извршувањето на буџетот, како и јавниот долг и долгот на државата.

„За да се подобри транспарентноста и отчетноста на јавните финансии, на официјалната интернет-страница додаден е посебен оддел „Статистика“, во кој лесно достапни се сите поважни информации, како што се: извршувањето на буџетот, јавниот долг и долгот на државата, макроекономски индикатори и статистички прилог. Најважна промена е почнувањето на објавување на податоци кои досега не биле достапни за јавноста. Прв таков податок е извештајот за месечните приходи и расходи на различни буџетски корисници. Со него јавноста секој месец ќе има увид во состојбата кај сите пооделни буџетски корисници –  информираат од Министерството за финансии.

- Advertisements -
Banner NISSAN_Okt_300x250

Поврзани новости