СДСМ: Програмата „Кембриџ“ е запрена за да се спречат штети во образованието

by Fokus 18:49
18:49

Новата Влада предводена од СДСМ ја запира Кембриџ програмата во средните училишта со цел да се спречат далекусежни и огромни штети во образовниот процес, како резултат на уште една избрзана и непроверена програма, наметната од страна на ВМРО-ДПМНЕ, реагираат од СДСМ.

„Заврши времето кога ВРМО-ДПМНЕ можеше тајно и насилно, за нечии бизнис интереси, да го уништува образованието со неквалитетни решенија кои одеа на штета на целокупниот образовен систем. Владата предводена од СДСМ заедно со граѓаните, создава здрава основа за темелни реформи кои ќе овозможат квалитет во образованието и кои ќе бидат во интерес на учениците, студентите, наставниците и професорите“, се вели во реакцијата на СДСМ.

Поврзани новости