Бучковски: Доаѓам како голем пријател на Бугарија

by Fokus

Специјалниот претставник на македонската влада за Бугарија, Владо Бучковски, од денеска е во официјална посета на Софија. Во изјава за БГНЕС, тој порача дека доаѓа во оваа земја со добра волја и како голем пријател.

„За време на престојот ќе имам состаноци со премиерот Бојко Борисов, вицепремиерот и министер за надворешни работи Екатерина Захариева и министерот за одбрана Красимир Каракачанов. Доаѓам на покана на бугарската влада. Доаѓам како ваш голем пријател и со добра волја“, истакна Бучковски.

Поврзани новости