Обвинителот од СЈО Гаврил Бубевски кој денеска присуствуваше на прославата за Денот на независнос,та во Градски одби да коментира дали се согласува со одлуката на шефицата Катица Јанева, која од притвор испрати согласност републичкиот јавен обвинител Љубомир Јовески да ги преземе предметите на СЈО.
„Ние ќе си постапиме како што налага законот. Моментално можам само да честитам празник на сите граѓани на Република Северна Македонија и ништо друго. Немаме право да кажеме дали се согласуваме или не, Специјалното јавно обвинителство го претставува еден човек“, истакна Бубевски на „360 степени“.
На новинарско прашање дали со новонастанатата ситуација значи дека Бубевски не успеа да ги изведе на рочиште „бомбите“ за случајот „Монструм“, кој тој го застапува на суд, обвинителот тврди дека сите разговори ќе се слушнат во судница.
„Бомбите во сите предмети ќе се слушаат и ќе се изведат како докази“, додаде обвинителот.