Две лица од Албанија тешко повредени во сообраќајка кај Скудрински мост

by Fokus
Вчера утрото, две лица од Албанија биле тешко повредени во сообраќајна незгода, која се случила кај Скдрински мост, на регионалниот пат Маврови Анови-Дебар.
„На 07.09.2019 во 08,15 часот било пријавено дека на регионалниот пат Маврови Анови-Дебар на Скудрински мост, Б.А.(32) од Р.Албанија управувајќи патничко моторно возило „фолксфаген пасат“ со албански национални ознаки излетал од коловозот. Во незгодата со тешки телесни повреди се здобиле сопатниците Џ.Б.(19) од Р.Албанија, која била пренесена во болницата “Свети Еразмо“ во Охрид и Т.Е.(34) од Р.Албанија, кој бил пренесен во Медицинскиот центар Гостивар за укажување на лекарска помош. Извршен бил увид на местото на настанот од увидна екипа од Полициската станица Гостивар“, велат од МВР.

 

Поврзани новости