644
Во периодот од 21 до 27 декември годинава, тестирани се вкупно 13.123 материјали во лабораториите во кои се спроведува молекуларно тестирање и антигенско тестирање за присуство на SARS-CoV-2, со намалување од 15,9 отсто во однос на минатата недела. Притоа, според неделниот извештај на Институтот за јавно здравје, регистрирани сe 3.372 нови позитивни случаи од 35 градови во државата со намалување од 26,5 отсто во однос на минатата недела. Оттука, процентот на позитивни од тестирани случаи изнесува 25,7 отсто, што е намалување од 3,6 отсто во однос на минатата недела.
Регистрирани се заболени лица во сите возрасни групи. Најзастапена е возрасната група на лица на возраст над 60 (27 отсто). Голем број на заболени се регистрира и кај лицата во возрасните групи од 30-39 (19,7), 40-49 (17,5), 50-59 (17,7) и 20-29 (12,3). Најмал број е регистриран кај децата од 0-9 (1,5) и 10-19 години (4,3).
По добиени 2 негативни теста за присуство на SARS-CoV-2 или со употреба на новиот алгоритам, како оздравени се водат 4.500 лица кои биле хоспитализирани или на домашно лекување, незачително помалку во споредба со минатата недела. Пријавени се 129 смртни случаи од 23 града, 30 помалку или 18,9 отсто во однос на минатата недела.