Бројот на инфицирани во Тиквешијата надмина 1.000

by Fokus

Регистрирани се 28 нови случаи на корона вирус во тек на денот во Тиквешијата. Од нив 15 се од Кавадарци, 12 од Неготино и еден од Росоман.

Инфицираните од Неготино се на возраст од 20 до 59 години, во Кавадарци од 28 до 74 години и на 47 години од Росоман. Со тоа, бројот на активни случаи во Тиквешијата се зголеми на 552, од кои 376 се во Кавадарци и 176 во Неготино.

Од почетокот на пандемијата во Тиквешко се инфицираа 1.003 лица, од кои 745 во Кавадарци и 258 во Неготино. Починати се две лица на возраст од 65 и 70 години од Кавадарци на ковид одделот во кавадаречката болница.

Вики Клинчарова

Поврзани новости