Бројката на уапсени заговороници на пучот во Турција достигна 6.000

by Фокус

Бројот на уапсени учесници во обидот за државен удар во Турција се повеќе се зголемува, така што оваа бројка денеска достигна околу 6 000.

Како што најави турскиот министер за правда Бекир Боздаг, големото чистење на турската држава и нејзините институции продолжува, па бројот на уапсени дополнително ќе се зголемува.

Еден од уапсените е и поранешниот командант на военото воздухопловство, генералот Акин Озтурк.

Турската влада соопшти дека по неуспешниот преврат, во кој загинаа 265 луѓе, само од војската притворени веа 2.839 лица.

Поврзани новости