Брижит Макрон на суд ќе докажува дека не е машко

by Fokus

На социјалните мрежи под хаштагот Жан Мишел Троње кружи необична гласина дека 68- годишната Брижит , сопруга на францускиот престедател Макрон е родена како маж.

Првата дама има намера да покрене судска постапка и да поднесе пријава против иницијаторот на оваа теорија на заговор, пишува Le Figaro.

Контроверзната теорија беше објавена во еден екстремно десничарски магазин во септември. во кој се тврдеше дека ова сознание е резултат на тригодишна истрага поддржана од „многу експерти“, наведува CNjuz.

Магазинот на 12 страници опишува низа бизарни теории за јавни личности и наводно ја посочил првата дама на Франција дека е родена како машко по име Жан-Мишел Троње, пренесува Дејли Меил.

Брижит и претходно беше напаѓана од медиумите, па во 2017 година едно сатирично француско радио ја нарече „Барби во менопауза“. Исто така за време на последната претседателска кампања се пишуваше за тоа како бракот на Макрон со неа бил лажен, бидејќи Макрон наводно е хомосексуалец, кој наводно имал афера со Метју Гејл, првиот човек на Радио Франс.

Дејли Мејл објави дека Брижит индиректно открила некои детали од нејзината и спалната соба на Макрон. На новинарско прашање дали Макрон е добар политичар, таа одговори дека не постои ниедна област во која нејзиниот сопруг не е добар, па многумина рекоа дека нагласила дека е добар во кревет.

Бизарните гласини се појавија само неколку месеци пред следните претседателски избори во Франција кои ќе се одржат во април следната година.

Досега, анкетите на јавното мислење постојано укажуваа дека Макрон, кој се уште официјално не се изјаснил за својата кандидатура, ќе добие втор мандат.

На почетокот на овој месец, Валери Пекрес ја доби „номинацијата “ на француските републикански конзервативци да ги претставува на изборите во 2022 година. Десничарскиот лидер Марин Ле Пен во моментов важи за најголем ривал на Макрон во претседателската трка, додека Ерик Земур исто така најави кандидатура и се надева на добар изборен резултат.

Поврзани новости