Британците ги преполнија ноќните клубови пред стапување во сила на новите мерки

by fokus

Велика Британија доживеа „брутална“ ноќ на разврат во ноќните клубови, откако десетици илјади Британци решија да „подмачкаат“ за последен пат пред влегувањето во сила на новите ограничувања поврзани со коронавирусот во земјата од понеделник, пишува Дејли меил.

Групи развеселени млади луѓе – и не само млади – се собираа во ноќните клубови во земјата од рано минатата ноќ, пред влегувањето во сила на мерката за дозволен собир на најмногу шест лица. Исто така, новите мерки за задолжителна физичка дистанца предвидуваат големи казни, кои можат да достигнат и до 3.200 фунти.

Стотици луѓе чекаа ред пред ноќните клубови во Лондон, Нотингем, Манчестер, Портсмут и Лидс. Полицијата, исто така, интервенираше во стотици домови поради илегални масовни забави.

Главниот државен инспектор за здравство Мет Хенкок изјави дека зголемениот број на нови инфекции е причина владата да воведе рестриктивни мерки и „правило на шестмина“ затоа што „пандемијата е далеку од завршена“.

Поврзани новости