Груби демантира дека се степал со Рашковски: Сакаат да внесат раздор меѓу ДУИ и СДСМ

by fokus

Вицепремиерот Артан Груби на денешната прес конференција одговарајќи на новинарско прашање демантираше дека има физичка пресметка меѓу него и Драги Рашковски и овие информации ги нарече лажни вести чија цел е да внесат раздор меѓу ДУИ и СДСМ.

-Сите тие лажни вести ја имаат таа цел да внесат недоверба и раздор меѓу нашите коалициски партнери. Но, во тоа нема да успеат, бидејќи функционираме одлично и уште од првиот ден функционираме како една влада за сите наши граѓани, рече Груби.

Поврзани новости