Ако има предвремени избори на 5-ти јуни, тие нема да бидат признаени од меѓународниот фактор, соопшти за „Мета“ портпарол на Европската комисија.
Тој изјавил и дека Брисел жали што континуираната политичка криза ја оддалечува земјата од евроатлантските аспирации.
– Комисијата забележа дека неколку партии до вчерашниот краен рок не ги поднеле своите кандидатски листи до Државната изборна комисија. Не гледаме дека се создадени минимални услови за веродостојни избори на 5 јуни 2016 година, кои би биле признаени од меѓународната заедница – соопшти портпаролот на ЕК.
Од Европската комисија потсетуваат дека повеќепати ја истакнувале потребата од прочистување на избирачкиот список, обезбедување на балансирано медиумско известување и од истрага за заплашувањето на гласачите. Освен, тоа Брисел го потенцираше и проблемот со владеењето на правото и им порача на политичарите да се повлече помилувањето на претседателот.