ОБСЕ/ОДИХР објави Периодичен извештај за предизборниот период

by Фокус

Набљудувачката мисија констатира дека „политичката клима се влоши по 12 април, кога претседателот Иванов ги помилува сите обвинети, лица под истрага и лица осомничени за вмешаност во т.н. „скандал со прислушувањето“, а сите поголеми политички партии го осудија помилувањето и го повикаа Претседателот да ја отповика својата одлука, стои во Периодичниот Извештај кој денеска го објави ОБСЕ/ОДИХР во Македонија.

Периодичниот извештај кој го опфаќа периодот од 31 март до 19 април, се констатира дека по распишувањето на предвремените парламентарни избори на 15 април, за 5 јуни, главната опозициска партија најави бојкот поради тоа што не се исполнети клучните услови од Договорт од Пржино – прочистувањето на избирачкиот список, реформите во медиумите и одвојувањето на партиските од државните активности.

Во Извештајот се истакнува и дека ДИК, која е главен носител на на обврската за одржување на избирачкиот список „работи во напната политичка атмосфера и нивните долги седници привлекуваат значително внимание од медиумите.

“Точноста на избирачкиот список останува како едно од најспорните прашања во актуелната политичка криза. Во февруари, ДИК започна со прочистување на избирачкиот список преку вкрстена проверка на базите на податоци од 11 институции, како и преку спроведување на теренски проверки. 13 Соговорниците на НМИ на ОБСЕ/ОДИХР изјавија дека процесот бил сложен, методолошки тежок како и дека се потребни големи ресурси. На 15 април, ДИК донесе одлука дека се подготвени за спроведување на „фер и демократски избори“. Претседателот на ДИК и двајца претставници на опозицијата одбија да учествуваат во гласањето”, констатира ОБСЕ/ОДИХР во Извештајот.

Во однос на слободата на медиумите, во периодичниот извештај на ОБСЕ се наведува дека „соговорниците на НМИ на ОБСЕ/ОДИХР изразија загриженост за опаѓање на медиумската слобода поради политички притисок и мешањето на сопствениците во работата на новинарите. Тие, исто така ја нагласија потребата од суштински реформи. Претставникот на ОБСЕ за слобода на медиумите исто така ги повика властите „да го намалат притисокот врз медиумите и да ги почитуваат слободните и критички настроените гласови“.

– Додека законската рамка овозможува рамноправен третман на политичките партии од страна на медиумите, повеќето соговорници на НМИ на ОБСЕ/ОДИХР изразија загриженост за влошувањето на слободата на медиумите поради политичкиот притисок и мешањето на сопствениците на медиумите во работата на новинарите. Тие, исто така, ја нагласија потребата од суштински реформи. На 4 април, Собранието ги отфрли предлог- амандманите за законската регулатива за медиуми, предложени од страна на здружените организации на граѓанското општество, се наведува во Извештајот.

На официјална покана и врз основа на препораките на Мисијата за проценка на потребите, спроведена од 2 до 5 ноември 2015 г., Канцеларијата на ОБСЕ за демократски институции ичовекови права (ОБСЕ/ОДИХР) на 31 март воспостави Набљудувачка мисија за избори (НМИ), за набљудување на предвремените парламентарни избори на 5 јуни.

НМИ, на чело со амбасадорот Јан Петерсен, ја сочинува главен тим од 12 члена, со седиште во Скопје, и 24 долгорочни набљудувачи (ДН), кои беа распоредени низ целата земја на 13 април. Членовите на Мисијата се избрани од 21 земја-учесничкa на ОБСЕ. Од земјите-учеснички беше побарано да испратат 300 краткорочни набљудувачи за набљудување на дејствијата на денот наизборите.

Поврзани новости