БПЦ ќе формира комисија и ќе ги прашува другите цркви за барањето на МПЦ

by fokus 17:35
17:35

Бугарските медиуми пишуваат дека Бугарската православна црква ќе формира комисија која ќе треба направи обиколка и да ги слушне мислењата на останатите месни православни цркви за барањето од МПЦ.

Главниот секретар на синодот на БПЦ, епископ Герасим изјави дека таква голема одлука тие не можат да донесат сами, без да ги слушнат мислењата на другите православни цркви.

- Advertisements -

-Во православието се се решава заеднички. Не може една црква сама да превзема какви било големи решенија. И откако ќе биде направено неопходното тогаш ќе се излезе со став и со официјално соопштение до медиумите и до целиот народ, изјави епископот.

Поврзани новости