Османи за стратешкиот совет: Сакав дебата, дури и контроверзна

by fokus

Министерот за надворешни работи Бујар Османи вели дека бил свесен оти дел од имињата во стратешкиот совет ќе предизвикаат бура во јавноста, но сепак тој ја брани оваа листа на која се најдоа Валентина Божиновска, Срѓан Керим и други контроверзни имиња, истакнувајќи дека неговата идеја е да има спротивставени мислења, а не монолог.

-Инсистирав да има луѓе кои имаат и политички ставови, но кои не зависат од дневната политика. Ова е, покрај нивната експертиза, нивно искуство. Јас исто така барав луѓе со спротивставени политички ставови, бидејќи не сакам тоа да биде монолог во кој ќе се поддржуваме за позиции, сакав во тој стратешки совет има дебата, дури и контроверзна, бидејќи има луѓе кои размислуваат како Валентина Божиновска. Серѓан Керим беше претседател на Собранието на Обединетите нации, тој беше поранешен амбасадор, тој дури беше двапати претходно министер за надворешни работи во претходниот систем. Јас не сум ниту обвинител ниту судија, но заинтересиран сум да ги вметнам во оваа стратегија, искуството, знаењето, различните погледи на луѓето, затоа што има луѓе во Северна Македонија кои исто така споделуваат различни мислења, различни ставови од моите, од оние на мнозинството – рече Османи на Алсат.

Поврзани новости