На денешното рочиште за случајот „Ровер“, Љубе Бошковски покажа УСБ на кое рече дека има аудио-снимка која покажува дека бил наместен и неговиот случај е полициско-политичка монтажа. По ова, обвинителката Лидија Раичевиќ- Вучкова соопшти дека се повлекува од случајот, доколку биде преземен од Специјалното обвинителство и не сакаше да го прегледа материјалот.
-Размислував дали мојот личен интерес и моите со ништо неоправдани години на робија да бидат приоритет или приоритет да бидат државните интереси. Во оваа непроспиена ноќ одлучив да ги предадам овие материјали од кои се гледа вистината дека овој политичко-полициски процес „Ровер“ е конструиран од еден висок функционер во полицијата. Јавноста ќе биде шокирана од вокабуларот и бруталитетот на мојот прогон. Можев да побарам да го пуштат аудио материјалот, но тогаш ќе немаше да биде доказ, рече Бошковски.
Бошковски преку својот адвокат материјалот ќе го достави до Специјалното јавно обвинителство, кое, како што рече тој, очекува да го преземе неговиот случај. Обвинителката Вучкова реча дека сака да побара мислење од Јавното обвинителство и рочиштето беше одложено за јануари.