Јанева закажа пресконференција во 17:30 часот

by Фокус

Специјалната јавна обвинителка Катица Јанева ќе одржи пресконференција за медиумите и јавноста попладнево во 17:30 часот. Познато е само времето на одржување на пресконференцијата, но не и поводот и темата.

Инаку, денеска е крајниот рок кога Јавното обвинителство треба да ѝ ги достави на Јанева петте предмети што специјалната обвинителка ги побара во четвртокот минатата недела. Исто така, во последниот период Специјалното обвинителство бара што побрзо да биде донесен Законот за јавнообвинителска служба, што уште не се случило.

 

Поврзани новости