Бошкоски: Груевски е исплашен, му бега слободата

by fokus

Љубе Бошкоски, лидерот на Обединети за Македонија денеска на отворањето на новиот партиски штаб во Кривогаштани рече дека Никола Груевски е исплашен и слободата му бега од раце, па затоа го повикува народот зборувајќи за патриотизам и големи дела, кои тој никогаш не ги направи за Македонија.

-Неговото време минува, ова е време на вистинските патриоти. Но јас не сакам да ги делам граѓаните на патриоти и предавници, како што тоа тој го направи. Сите сме Македонци и ја љубиме Македонија. Тој ги промени тезите патриотите станаа предавници, а предавниците патриоти, рече Бошкоски.

Поврзани новости