Борел призна: Ќе биде тешко со Русите!

by Fokus

Европа ќе мора да коегзистира со Русија по завршувањето на конфликтот во Украина, затоа мора да се вложат сите напори за одржување на дијалогот со Москва, изјави шефот на европската дипломатија Жозеп Борел за денешното издание на францускиот „Журнал де диманш“.

– Русија ќе продолжи да постои и важно е јасно да дефинираме како мислиме да живееме со неа. Ќе биде многу тешко, но мораме да комуницираме со Русите. Неопходно е да се продолжат разговорите со Москва, изјави Борел.

Поврзани новости